Showing posts with label About. Show all posts
Showing posts with label About. Show all posts

Saturday, January 27, 2018

Идејата за блогот

Откако знам за себе, од секогаш ме интересирала храната и нејзините својства, негување на телото и умот како и стремење кон најдобрата верзија од себе. Добриот живот бара баланс а она што јас го сакам е да најдам баланс во сите аспекти на мојот живот како луѓето кои ми значат, мојата професија, моите хоби и интереси. Сакам да бидам што попрофесионална во својата работа како професор, да се надоградувам секојдневно, да учам од грешките а со тоа и да се подобрувам, да го дадам најдоброто за моите ученици. Сакам да им посветам на луѓето за кои навистина ми е грижа нешто што е луксуз на денешно време а тоа е внимание и време. Сакам да ги негувам моите таленти, интереси и хобија. Сакам да цртам, да креирам, измислувам... И секако, сакам да се грижам за своето тело, ум и душа, затоа што животот е полесен ако се тие добро негувани.😉
Сето ова не е лесна работа. Да не ги споменувам сите обврски во меѓувреме што ги имаме како луѓе, како што се обврските по дома, грижа за возилото, миленичињата, дворот...(само набројувам) и сите евентуални пречки кон тој стремеж како социјалните, економските или проблеми со здравјето. Така, балансирањето значи бара голем труд, а јас сакам да ги споделам моите искуства во врска со тоа. Па, повелете...😁